Vol 22, issue 1, 2020





    Ecological status assessment using periphytic diatom communites - case study Krka River
    Petar Žutinić, Antonija Kulaš, Zlatko Levkov, Mirela Šušnjara, Sandi Orlić, Stefani Kukić, Gordana Goreta, Damir Valić, Marija Gligora Udovič

    MPI

    Abstract
    In the light of ever-growing issue of climate changes, a special focus has been directed towards freshwater periphytic algal communities. Diatoms, a commonly dominant group of protists in periphytic assemblages, are frequently used for ecological water-quality assessments of rivers. Diatom-based indices for ecological status assessment are based on a weighted-averaging model using relative abundances and the environmental optima of taxa. The aim of this study was to assess the ecological status of the Krka River based on taxonomic analyses of its periphytic communities. Sampling of periphytic and environmental variables was carried out in September 2017 and September 2018 on nine stations along the Krka River course, with 3 microhabitats at each station. Taxonomic analysis of samples in 2017 revealed a total of 120 diatom species, whilst in 2018 a total of 226 diatom species was noted. Ecological status of the Krka River, evaluated using TDIHR (Croatian Trophic Diatom Index) and the corresponding ecological quality ratio (EQR), was classified as high in most of the watercourse of the Krka River

    Key words
    diatoms, periphyton, ecological status, Krka River, trophic index



    Проценка на еколошкиот статус со помош на перифитонски дијатомејски заедници - студија на река Крка
    Петар Жутиниќ, Антонија Кулаш, Златко Левков, Мирела Шушњара, Санди Орлиќ, Стефани Кукиќ, Гордана Горета, Дамир Валиќ и Марија Глигора Удовиќ

    Апстракт
    Слатководните перифитонски алгални заедници добиваат посебен фокус во рамките на зголемениот интерес за климатските промени. Дијатомеите (силикатни алги) се доминантна група од протистите во перифитонските заедници и често се користат за проценка на еколошкиот квалитет на водите во реките. Индексите за проценка на еколошкиот статус кои ги вклучуваат дијатомеите се базирани на моделирања на коригирани просечни вредности од релативната абудантност и еколошкиот оптимум на таксоните. Цел на оваа студија е да се процени еколошкиот статус на реката Крка врз база на таксономски анализи на перифитонските заедници. Собирањето на податоци за перифитонот и за еколошките фактори беше спроведено во септември 2017 и септември 2018 година во девет локалитети по течението на реката Крка при што во секој локалитет беа анализирани по три микрохабитати. Таксономската анализа во 2017 година покажа присуство на 120 дијатомејски таксони, додека во 2018 година беа регистрирани 226 дијатомејски таксони. Еколошкиот статус на реката Крка беше проценет користејќи го TDIHR (Croatian Trophic Diatom Index = Хрватски трофички дијатомејски индекс), a еколошкиот однос на квалитет (EQR - ecological quality ratio) беше висок во поголемиот дел од течението на реката Крка.

    Клучни зборови
    дијатомеи, еколошки статус, река Крка, трофички индекс