Vol 22, issue 2, 2020





    Quantitative analysis of the pigment composition of macrophage aggregates in the spleen of chub (Squalius cephalus L., 1758) from the river Crn Drim. Influence of sex and season
    Stefan Pavloski, Lozenka Ivanova, Maja Jordanova, Suzana Dinevska-Ќovkarovska, Katerina Rebok

    MPI



    Abstract
    The research examined the quantity of total macrophage aggregates, as well as the quantity of macrophage aggregates with different pigment composition, in the spleen of chub from the river Crn Drim. In total, 156 fish were collected for qualitative and quantitative assay. In addition to the relative and total volume, and the number of macrophage aggregates per unit area, the fish were measured for body weight and total length, condition factor, spleen weight and spleen-somatic index. All examined parameters were interpreted in relation to season and sex. In males collected in the spring-summer season, general relative and total volume increase, as well as the relative volume of macrophage aggregates that contained lipofuscin/ceroid and the combination of lipofuscin/ceroid and melanin was noted, compared to values measured for males collected in the autumn-winter. In relation to sex, values measured for males were also higher when compared to values measured for females, although insignificantly. Since the fish were collected from relatively unpolluted sites, the results from this research can be used as reference point for the use of macrophage aggregates in the studies for biomonitoring of the aquatic ecosystems.

    Key words
    chub, Crn Drim, spleen, macrophage aggregates, pigment composition, stereological measurements.



    Квантитативна анализа на пигментниот состав на макрофагните агрегати во слeзината на клен (Squalius cephalus L., 1758) од реката Црн Дрим. Влијание на пол и сезона
    Стефан Павлоски, Лозенка Иванова, Маја Јорданова, Сузана Диневска-Ќовкаровскам Катерина Ребок


    Апстракт
    Ова истражување го одреди квантитетот на тотални макрофагни агрегати, како и квантитетот на макрофагни агрегати со различен пигментен состав во слезината на клен од реката Црн Дрим. Вкупно 156 риби беа колекционирани за квалитативна и квантитативна анализа. Покрај релативниот волумен, тоталниот волумен и бројот на макрофагни агрегати на единица површина, мерени беа телесната тежина, должината на телото, кондицискиот фактор, тежината на слезината и сплиносоматскиот индекс на рибите. Сите измерени параметри беа толкувани во однос на сезоната и полот. Кај мажјаците колекционирани во сезоната пролет-лето, беше забележан раст на вредостите за вкупниот релативен и тотален волумен, како и релативниот волумен на макрофагните агрегати кои содржат липофусцин/цероид и комбинација од липофусцин/цероид и меланин, наспроти вредностите за мажјаците колекционирани во сезоната есен-зима. Во однос на полот, повторно мажјаците покажаа повисоки вредности за овие параметри во однос на женките, но сепак статистички незначително. Имајќи предвид дека рибите се уловени од релативно чиста животна средина, резултатите од ова истражување можат да се искористат како референтни вредности во студиите за биомониторинг на акватични екосистеми.

    Клучни зборови
    клен, Црн Дрим, слезина, макрофагни агрегати, пигментен состав, стереолошки мерења