Vol 22, issue 2, 2020





    Distribution and breeding of the White Stork (Ciconia ciconia) in North Macedonia in 2015 and 2016
    Ksenija Putilin Stamkoska, Slave Nakev, Danka Uzunova, Borče Arsovski, Ana Arsovska, Emanuel Lisičanec, Metodija Velevski

    MPI
    Electronic Supplementary Material



    Abstract
    The national White Stork census was conducted as part of the International Stork Census in an attempt to close the gap of 57 years since the last national census and establish a new basis for further conservation action. Total of 837 breeding pairs (HPa) were recorded during 2015/2016. Most of the pairs (534) bred in 45 colonies with 5 of more pairs. Five colonies with more than 20 pairs were found, along with 17 colonies of 11-20 pairs and 19 breeding colonies of 5-10 pairs. The total surface-based population density was 3.26 pairs/100 km2. The average biological density was 27.59 HPa/100 km2, but it varies widely at a regional level, with Tikveš region having the highest density of 106.7 pairs/100km2 and Maleš region having the lowest of 4 pairs/100 km2. Most of the nests (62.4%) were placed on overhead transmission pylons, followed by buildings (36.8%). Only 0.6% of the nests were placed in trees, and nesting on hay bales and stacks was completely absent. The number of pairs with fledged juveniles (HPm) was minimum of 717 for 2015 and 2016 combined. The breeding success (JZa) in 2015 was 2.78 ± 1.18 and the fledgling rate (JZm) was 2.97 ± 0.96. There were possibly significant differences in the breeding parameters among some of the regions.

    Key words
    breeding colonies, breeding population, ecological density, White stork census



    Распространување и гнездење на белиот штрк (Ciconia ciconia) во Северна Македонија во 2015 и 2016 година
    Ксенија Путилин Стамкоска, Славе Накев, Данка Узунова, Борче Арсовски, Ана Арсовска, Емануел Лисичанец, Методија Велевски


    Апстракт
    Националниот попис на белиот штрк беше спроведен како дел од Меѓународниот попис на белиот штрк, во обид да се пополни празнината од 57 години од последниот национален попис и да се постави основа за идни мерки за зачувување. Во текот на 2015/2016 година вкупно беа регистрирани 837 гнездечки двојки (HPa). Најголемиот број од двојките гнездеа во 45 колонии од по 5 и повеќе двојки. Беа најдени пет колонии со по повеќе од 20 двојки, покрај 17 колони со 11-20 двојки и 19 колонии со по 5-10 двојки. Вкупната густина по површина изнесуваше 3,26 двојки/100 km2. Просечната биолошка густина беше 27,59 HPa/100 km2, при што Тиквешкиот регион имаше најголема густина од 106,7 двојки/100 а регионот Малеш најниска, од 4 двојки/100 km2. Најголемиот број од гнездата (62,4%) се изградени на столбови за пренос на електрична енергија, следени од гнезда сместени на објекти (36,8%). Само 0,6% од гнездата беа сместени на дрвја, а гнездењето на стогови слама и бали целосно отсуствува. Бројот на двојки со пролетани млади (HPm) беше најмалку 717 комбинирано за 2015 и 2016 година. Успехот на гнездење (JZa) во 2015 година беше 2,78 ± 1,18, а на стапката на пролетување (JZm) беше 2,97 ± 0,96. Возможно е да постојат значајни разлики во гнездечките параметри меѓу некои региони.

    Клучни зборови
    гнездечки колонии, гнездечка популација, еколошка густина, попис на белиот штрк