Vol 22, issue 2, 2020





    Species composition and diversity of Teak plantation in Karnaphuli range, Kaptai, Rangamati, Bangladesh
    Md. Rishad Abudllah, AKM Golam Sarwar, Md. Ashrafuzzaman and Md. Mustafizur Rahman

    MPI


    Abstract
    Teak (Tectona grandis L.f.) is a widely planted hardwood tree in Bangladesh, without considering its effects on native forest plants. To study the plant species composition and diversity in a Teak plantation a quantitative vegetation inventory was performed using transect method in the Karnaphuli range of Kaptai reserve forest, Rangamati district, Bangladesh during 2015-2017. The size of the quadrates was 20×20m, 5×5m and 1×1m for trees, shrubs and herbs respectively, to get density, abundance, relative density, relative frequency, basal area, etc. The species composition is presented by density and frequency; the dominancy of species is presented by Importance Value Index; the species diversity and concentration of dominance is presented by Shannon’s index of diversity. A total of 78 plant species, including 34 trees, 19 shrubs and 25 herbs belonging to 40 families and 70 genera were noticed during the study. The Tectona grandis among trees, Lantana camera in shrubs and Heliotropium indicum in herbs were found to be the dominant species. The family Euphorbiaceae among trees, Rubiaceae and Verbenaceae among shrubs and Araceae among herbs were observed to be the dominant families. Tree species showed contagious whereas shrubs and herb species showed random to contagious distribution pattern. The Shannon’s diversity index for trees, shrubs and herbs were 1.486, 2.624 and 2.944, respectively. This study provides in-depth information about the plant species phytosociological parameters and diversity indices of Teak plantation, which is essential to make conservation strategies for the protection and development of plant biodiversity.

    Key words
    Tectona grandis, Teak, Diversity, Species composition, Karnaphuli range and Kaptai



    Видов состав и диверзитет во плантажа со тиково дрво во Карнафули, Каптаи, Рангамати, Бангладеш
    Мд. Ришад Абдула, AKM Голам Сарвар, Мд. Ашрафузаман и Мд. Мустафизур Раман


    Апстракт
    Тиковото дрво (Tectona grandis L.f.) е широко распространето садено дрво во Бангладеш без да се води сметка за неговото влијание врз автохтоните растенија. Квантитативни вегетациски истражувања со помош на метод со трансекти беа спроведени во тикова плантажa во подрачјето Карнафули во Шумскиот резерват Каптаи (регион Рангамати, Бангладеш) во тек на 2015-2017 година со цел да се утврди нејзиниот флористички состав и диверзитет. Големината на експерименталните површини беше 20×20m за дрвјата, 5×5m за грмушките и 1×1m за тревестите растенија. Во нив беа анализирани густината, абудантноста, релативната густина, релативната фреквенција, базалната површина, итн. Видовиот состав е претставен преку густината и фреквенцијата; доминантноста на видовите е прикажана преку Индексот за значајноста (IVI - Importance Value Index); диверзитетот на видови и доминантноста се прикажани преку Шеноновиот индекс на диверзитет (Shannon’s index of diversity). Беа регистрирани вкупно 78 дрвенести, 19 грмушести и 25 тревести видови кои припаѓаат на 40 фамилии и 70 родови. Тиковото дрво помеѓу дрвенестите видови, Lantana camera од грмушките и Heliotropium indicum од тревестите растенија беа доминантни видови. Фамилијата Euphorbiaceae беше доминантна кај дрвенестите, Rubiaceae и Verbenaceae кај грмушестите и Araceae кај тревестите растенија. Дрвенестите видови покажаа групов распоред, додека грмушестите и тревестите растенија имаа случаен до групов распоред. Шеноновиот индекс за диверзитет за дрвенестите, грмушестите и тревестите видови изнесуваше 1,486, 2,624 и 2,944 соодветно. Резултатите од оваа студија прикажуваат детална информација за фитосоциолошките параметри и индексите за диверзитет во тиковата плантажа што е основа за конзервациските стратегии, како и за заштита и унапредување на растителниот диверзитет.

    Клучни зборови
    Tectona grandis, тиково дрво, диверзитет, видов состав, Карнафули, Каптаи