Vol 22, issue 2, 2020





    Seasonal variation in microbial profile of Automated Teller Machines (ATMs) in and around University of Port Harcourt, Choba, Nigeria
    Helen Amarachi Odoemelam, Jason Chimezie Ogugbue & Chiaka Aniebo-Mbakwem

    MPI


    Abstract
    The Automated Teller Machine (ATMs) has been widely and publicly used for transactions by bank customers. The individuals that use this machine come from different homes and background, and there is every likelihood that some of them are carriers of diverse microorganisms. The objective of the present study was to investigate the seasonal variation in the microbial profile of the contact surface of ATMs in and around University of Port Harcourt, Choba, Nigeria. The samples were collected during the dry and rainy seasons. The sampling was done three times in a day; Morning 8–9 am, afternoon 1–2 pm, evening 5–6 pm, from different ATMs using moistened sterile swab sticks. The study recorded that during rainy and dry seasons, the total heterotrophic bacterial count ranged from log10 4.08 to 9.56 CFU/m2 and log10 3.08 to 7.80 CFU/m2 respectively. The total fungal counts in rainy and dry seasons were log10 3.38 to 7.52 CFU/m2, log10 3.08 to 6.48 CFU/m2 respectively. The frequency of occurrence of fungi during rainy and dry seasons were 30% and 28% respectively. The 16s RNA sequence analysis was carried out on the bacterial and fungal isolates. The different samples (A, B, C, D, E, F, G, H, I, J) showed significant differences (p<0.05) in the number of microorganisms between different collection periods, except for total fungal count for sample C during the dry season and sample D during the rainy season. Further findings showed that Bacillus cereus had the highest occurrence of 10 (15.9%) and 9(17%) respectively in the rainy and dry seasons, while Proteus mirabilis and Comamonas aquatica had the lowest occurrence 2(2.63%), 2(2.63%) respectively in the rainy season. Escherichia coli and Comamonas aquatica were not isolated during the dry season. Aspergillus niger had the highest frequency of occurrence 8(27%) in both seasons, Kodamaea ohmeri had the lowest occurrence in both seasons. This study highlights the need for banks to take preventive measures against spread of infectious diseases through ATMs by regularly cleaning the ATMs surfaces with disinfectant and for users of ATM to always wash their hands after using the machine.

    Key words
    Automated Teller Machine, Microbial Profile, Bacteria, Fungi



    Сезонски варирања во микробниот профил кај банкомати (ATM) во и околу Универзитетот Порт Харкoрт, Чоба, Нигерија
    Хелен Амарачи Одоeмелам, Џејсон Чимези Огугбуе и Чиjака Аниебо-Мбаквем


    Апстракт
    Банкоматите се уреди кои нашироко се користат при банкарските трансакции. Лицата кои ги користат нивните услуги доаѓаат од различни средини, па се очекува да тие се носители на различни микроорганизми. Целта на оваа студија беше да се истражи сезонското варирање во микробниот профил кој се јавува на контактниот дел од банкоматите лоцирани во и околу Универзитетот Порт Харкорт, Чоба, во Нигерија. Беа колекционирани примероци за време на сушните и дождливите периоди од годината. Примероците беа земани од различни банкомати со стерилен брис три пати на ден; наутро помеѓу 8-9 часот, на пладне, помеѓу 1-2 часот и навечер, околу 5-6 часот. Истражувањата покажаа дека за време на дождливите и сушните периоди вкупниот број на хетеротрофни бактерии варира од log10 4.08 до 9.56 CFU/m2 и од log10 3.08 до 7.80 CFU/m2, соодветно. Бројот на вкупни фунги за време на дождливи и сушни периоди се движеше од log10 3.38 до 7.52 CFU/m2, односно од log10 3.08 до 6.48 CFU/m2, соодветно, додека фреквенцијата на појавување на фунги за време на дождливи и сушни периоди беше 30% и 28%. Исто така, беше направено и 16s RNA секвенционирање на изолираните бактерии и фунги. Различните примероци (A, B, C, D, E, F, G, H, I, J) покажуваат сигнификантни разлики (p<0.05) во бројот на микроорганизми помеѓу различните периоди на колекционирање, освен кај вкупниот број на фунги за примерок C за време на сушниот период, и за примерок D за време на дождливиот период. Понатамошните истражувања покажаа дека Bacillus cereus покажува најголем степен на јавување, 10 (15.9%) и 9 (17%) соодветно во дождлива и сушна сезона, додека Proteus mirabilis и Comamonas aquatica покажуваат најмал степен на јавување, 2 (2.63%) и 2 (2.63%), соодветно, во дождлива сезона. Escherichia coli и Comamonas aquatica не беа изолирани за време на сушната сезона. Aspergillus niger покажа најголема фреквенција на јавување, 8 (27%) и во двете сезони, додека Kodamaea ohmeri покажа најмала фрекфенција и во двете сезони. Оваа студија укажува на тоа дека е потребно банките да преземат превентивни мерки и редовна дезинфекција на површините на банкоматите со цел да се спречи ширењето на инфективни заболувања преку користење на истите, како и на потребата од редовно миење на раце по користење на машината.

    Клучни зборови
    банкомат, микробен профил, бактерии, габи